Цените на нафтата повторно растат поради тензиите во Ормускиот теснец
Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска повторно забележаа раст, приближувајќи се до 73 долари за барел, поради зголемената загриженост кај инвеститорите за безбедноста на пловидбата низ Ормускиот теснец.
На лондонскиот пазар цената на барел сурова нафта во попладневните часови достигна 72,97 долари, што претставува зголемување од 98 центи во однос на крајот на минатата седмица. На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 1,14 долари и се тргуваше по цена од 70,73 долари.
Нервозата на пазарите ја поттикна новата размена на ракетни напади меѓу САД и Иран во Персискиот Залив. Иран минатата седмица ги предупреди бродовите што пловат низ Ормускиот теснец строго да се придржуваат до утврдените пловни коридори, наведувајќи дека пловидбата надвор од нив не е безбедна.
Претходно, Оман соопшти дека, во координација со Меѓународната поморска организација, воспоставил две привремени поморски рути северно и јужно од коридорот дефиниран од Иран.
Дополнителна загриженост предизвика и ракетниот напад врз товарен брод во близина на Оман, по што Меѓународната поморска организација го прекина координираното доброволно придружување на бродовите во Персискиот Залив.
Во меѓувреме, Вашингтон и Техеран постигнаа договор за прекин на непријателствата и за продолжување на техничките разговори, но неизвесноста околу нормализирањето на пловидбата низ Ормускиот теснец останува висока.
Аналитичарите предупредуваат дека, доколку во наредните денови не се зголеми бројот на бродови што минуваат низ теснецот, пазарите би можеле повторно да реагираат со пораст на цените. Според нив, ризикот за глобалното снабдување со нафта и натаму е значителен.
Дополнителен оптимизам кај инвеститорите предизвика обновувањето на товарењето на нафта на терминалот Рас Танура од страна на саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“, по четиримесечен прекин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата повторно растат поради тензиите…
Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска…
Чаир ќе го одбележи ликот и делото…
Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството,…
Мицкоски до опозицијата: Повлечете ги блокадите за…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, преку објава…
OН: Можно е до 10.000 луѓе да…
Координаторот за хуманитарна помош на Обединетите нации…
Стоилковиќ потврди дека си оди: Го оставам…
Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците,…