Сарамандова останува во обвинителскиот тим за случајот „Пулс“, Савески го одбил барањето за нејзино изземање
Обвинителката Наташа Сарамандова останува дел од обвинителскиот тим кој го застапува обвинението против 34 обвинети за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако државниот обвинител Ненад Савески го одбил барањето за нејзино изземање, поднесено од дел од адвокатите на обвинетите.
Според информациите објавени од СДК, објави 4news.mk мк, Савески не утврдил основ за тврдењата на одбраната дека обвинителката постапувала пристрасно при презентацијата на доказите на рочиштето одржано на 25 јуни.
Барањето за нејзино изземање следуваше откако Сарамандова детално ги образложувала доказите и околностите поради кои тие се предложени, што предизвикало реакции од адвокатите на дел од обвинетите, меѓу кои и поранешни министри за економија и вработени во Министерството за економија, обвинети во предметот.
За време на рочиштето, судијката Дијана Груевска-Илиевска ја прекинала презентацијата на доказите од страна на Сарамандова додека не биде донесена одлука по барањето за изземање, по што нејзин колега од обвинителскиот тим продолжил со читање на доказите. Во знак на протест, дел од родителите на 63-те жртви ја напуштиле судницата.
СДК.мк наведува дека, согласно Законот за кривичната постапка, обвинителот одлучува за начинот на презентирање на доказите, а постапката продолжува на 1 јули, кога ќе бидат презентирани материјалните докази кои се однесуваат на обвинетите од Државниот пазарен инспекторат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…