ВЛЕН: Крај за казината покрај училиштата, следна цел се брзите кредити
Со новиот Закон за игрите на среќа, казината и објектите за игри на среќа ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, соопшти ВЛЕН.
Портпаролот Мухамед Муртези изјави дека ова било едно од клучните предизборни ветувања на коалицијата, додавајќи дека новите законски измени имаат цел да ги заштитат децата, младите и семејствата.
Според проценките на ВЛЕН, новите правила ќе доведат до намалување на бројот на објектите за игри на среќа за околу 75 проценти на ниво на државата, додека во Општина Чаир тоа намалување би можело да достигне и до 90 проценти.
Законот предвидува и построги услови за лиценцирање, забрана за рекламирање што го претставува коцкањето како начин на успех или животен стил, како и забрана за користење јавни личности и содржини насочени кон малолетници во рекламите за игри на среќа.
Од ВЛЕН информираа и дека се затворени 358 нелегални онлајн платформи за игри на среќа, а најавија и законски мерки насочени кон компаниите за брзи кредити, со цел, како што наведоа, да се намали финансиската несигурност и задолжувањето на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност…
Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и…
ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
ВЛЕН: 25 години по Рамковниот договор од…
Соопштение на ВЛЕН Во рамки на одбележувањето…
ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа…
ДУИ две години молчеше, а денес, кога…