Се одложува затворската казна за Јакимовски поради здравствени причини
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, нема да почне со издржување на едногодишната затворска казна во четврток – 2 јули, за кога му беше издаден упатен акт од судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд Скопје.
Имено, денеска од Кривичен информираа дека извршувањето на казната на Јакимовски засега се одложува. Причината, како што наведуваат оттаму, е тоа што ексградоначалникот, по издавањето на упатниот акт за издржување на затворската казна, поднел барање за одложување од 12 јуни поради здравсттвени причини.
Судијата за извршување санкции, по приемот на барањето, веднаш почнал со проверка на медицинската документација што ја приложил Јакимовски и поднел барања до две приватни здравствени установи, што ја издале, но сè уште чека одговор за да може да донесе соодветна одлука, велат од Судот.
„Согласно член 144 од Законот за извршување санкции, судија за извршување на санкција има рок од 30 дена, од приемот на барањето, да ги провери наведените околности во барањето и да донесе одлука. До донесување на одлуката почетокот на извршувањето на казната се одлага“, се наведува во соопштението од скопскиот Основен кривичен суд.
Од Кривичен додаваат дека ќе постапуваат согласно законските одредби и доследно ќе ги почитуваат правата на странките во постапката. За сите понатамошни детали, од Судот дека навремено ќе информираат, имајќи го предвид јавниот интерес за конкретниот случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тајни разговори меѓу новата сириска власт и…
Претставници на сириската влада и либански Хезболах…
Трамп го отфрли последниот предлог на Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Дипломат на ЕУ: Помошта на Украина е…
Новото барање на Украина за финансиски средства…
Студени утра, сончеви денови: Временска прогноза за…
Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по…
Драматична ескалација во Ормускиот Теснец: погоден супертанкер…
Нов сериозен безбедносен инцидент е пријавен во…