Македонската полиција формираше Task Force, поинтензивна борба против трговијата со дрога
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска согласно своите законски надлежности, формираше Работен тим – Task Force, со цел уште поинтензивно, покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци кои организирано или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или меѓународно ниво.
-Со формирањето на овој специјализиран тим, борбата против недозволената трговија со дрога влегува во нова, поенергична и поодлучна фаза. Преку системски, координиран и професионален пристап, во функција се ставаат сите расположливи човечки, оперативни и технички капацитети на полицијата, со единствена цел – бескомпромисна пресметка со оваа форма на криминал. Недозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации, велат од МВР.
Со овој модел на работа, надлежните служби ќе дејствуваат обединето, координирано и одлучно против секој поединец и секоја криминална група што го загрозува здравјето, безбедноста и иднината на граѓаните.
Воедно, Бирото за јавна безбедност ги повикува сите граѓани да бидат партнери во оваа борба, нагласувајќи дека секоја информација, сознание или пријава може да придонесе во спречувањето на ширењето на овој вид криминал и во создавањето побезбедна иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…
Протести поради растот на трошоците за живот,…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…
Авион на линијата Тел Авив – Виена…
Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…