Клековски нов министер за здравство, Велковски ја превзема социјална политика
Нов министер за здравство е Сашо Клековски, додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски, кој во моментов е заменик министер, потврдуваат извори од ВМРО-ДПМНЕ.
Нов директор на Фондот за здравство на местото на Клековски, ќе биде Златко Перински. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ.
Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите ќе биде Ерџан Демир кој доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ.
Нови министри ќе добијат министерствата за правда, министерството за култура и туризам, и министерството за односи меѓу заедниците каде ќе отидат кадри од Вреди, додека министер во министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство ќе предложи партијата ЗНАМ. Од ЗНАМ информираа дека за нов министер ќе биде предложен актуелниот државен секретар во Министерството, Борче Серафимовски.
Се укинува министерството за добро владеење.
Воедно на оваа седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изгласан е и нов претседател на Унијата на млади сили, Тодор Коневски, млад и перспективен човек со силна енергија. Нова претседателка на Унијата на жени е Марија Митева која е и владин портпарол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…