Уапсен тетовец кој беше снимен како фрла вреќи со отпад во реката Пена
Вчера во 18:00 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“.
Од МВР информираат дека по претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена, во близина на улицата „Видоје Смилевски- Бато“, СВР Тетово презело соодветни мерки и активности и го пронашло сторителот.
Тој во службен разговор го признал делото.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…