(Видео) Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од кружниот тек кај „Ист гејт“, кој беше една од најкритичните точки по денешното невреме, изјави дека состојбата веќе е стабилизирана.
Тој информира дека во справувањето со последиците биле ангажирани повеќе од 1.000 работници на терен.
„Како што можете да забележите, состојбата овде е веќе стабилизирана. Нема жртви, ниту голема материјална штета. Булеварите се проодни и немаме проблем како што имавме пред половина час. Продолжуваме да бидеме будни на терен“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој преку објава на социјалните мрежи истакна и дека со брза, навремена и координирана реакција на надлежните служби биле спречени поголеми последици. Информира дека екипите на Град Скопје и јавните претпријатија остануваат мобилизирани и ќе бидат на терен во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенции и поддршка за граѓаните. Ѓорѓиевски посочи дека постои постојана координација со градоначалниците на скопските општини и со сите надлежни институции. „Нема простор за паника, но има обврска за брза реакција и целосна посветеност. Скопје и скопјани не се оставени сами. Скопје има луѓе кои се на терен кога е најпотребно“, порача градоначалникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со јајца и зеленчук гаѓан автомобилот на…
Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула…
Влегол во стан и се обидел да…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Пукање во близина на Белата куќа: Четири…
Четири лица се повредени во пукање што…
Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…
Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…