Времето утре нестабилно, наместа со пороен дожд, грмежи и ветер, јавува УХМР
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 1000 ЕВРА ВО ЦРНА…
Од јануари следната година сите плати во…
Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…
Ние испорачуваме и го правиме тоа што…
ТАВ го укина ограничувањето за бесплатен влез…
ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која…
Градот Скопје најавува авионска дезинсекција против комарци…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во…
Пентагон разгледува план за повлекување речиси една…
Пентагон разгледува план за повлекување авиони, воени…