УХМР објави: Еве колку дожд наврна, во ова скопско село најмногу

t

Најмногу дожд – 74 литри на квадратен метар во изминатите 12 часа наврна во скопско Црешево, по што следат Гази Баба со 44 литри, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри на квадратен метар, покажуваат резултатите од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

По 18 литри на квадретен метар наврнаа во Зајчев Рид и во Струмица, 15 на Попова Шапка,13 во скопската населба Карпош, 12 во Претор, по 11 во Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во Гевгелија, 9 во Кавадарци, 8 во Велес, 7 во скопски Петровец, 5 во Тетово, и по 3 литри на квадретен метар во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште.

Од Управата посочуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

-Вечерва преовладува променливо облачно време, а слаб локален дожд има во Полошкиот Регион. До крајот на денот облачноста ќе се намали и во текот на ноќта не се очекуваат врнежи. Ќе преовладува претежно ведро време, соопшти УХМР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влегол во стан и се обидел да…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…

Велика Британија воведе нови санкции за руските…

Велика Британија воведе нови санкции против руски…

Пукање во близина на Белата куќа: Четири…

Четири лица се повредени во пукање што…

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…

Еден тон подмладок од крап денес е…