Најмалку 13 загинати и десетици повредени по руски ракетен напад врз Киев
Најмалку 13 лица загинаа, а 56 се повредени во силниот руски воздушен напад врз Киев и други украински градови, извршен во текот на ноќта. Според украинските власти, меѓу повредените има и деца, а 32 лица се хоспитализирани.
Руските сили извршиле комбиниран напад со десетици крстосувачки и балистички ракети, како и голем број беспилотни летала, при што биле погодени станбени згради, хотел во центарот на Киев и други цивилни објекти. До раните утрински часови биле регистрирани оштетувања на најмалку 28 локации, претежно на станбени објекти и цивилна инфраструктура.
Началникот на Киевската градска воена администрација, Тимур Ткаченко, изјави дека нападите повторно биле насочени кон станбени населби.
„Непријателот повторно ги гаѓа станбените квартови и убива цивили. Имаме сериозни разурнувања и голем број жртви, меѓу кои има и деца“, изјави Ткаченко.
Нападот започнал со масовно лансирање беспилотни летала од повеќе правци кон главниот град, по што во текот на ноќта следувале балистички ракети, вклучувајќи и хиперсонични ракети „Циркон“. Украинската противвоздушна одбрана дејствувала во повеќе делови од Киев, додека жителите ноќта ја поминале во засолништа и станици на метрото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 13 загинати и десетици повредени по…
Најмалку 13 лица загинаа, а 56 се…
Украина притиска за нова воена помош од…
Украина бара од своите партнери од Европската…
Полска: Со Бандера, Украина нема да се…
Полска ѝ се закани на Украина со…
(Видео) Украински тајкун повреден во експлозија на…
Три лица, меѓу кои и украински бизнисмен,…
Украина: Никој веќе нема да ни диктира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе предлог-закон во…