Вo понеделник на Солунското пристаниште стигаат преостанатите „Страјкери“ од САД
В понеделеник на пристаништето во Солун треба да пристигнат преостанатите лесни оклопни возила „Страјкер“ од САД, кои се очекува до крајот на месецот да пристигнат во земјата, со што ќе се заокружи целиот процес на договорот со САД вреден речиси 339 милиони евра – соопшти денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
На денешната прес-конференција за сработеното за време на двегодишниот мандат министерот за одбрана рече дека со САД се потпишани и договори за набавка на лесно пешадиско вооружување, беспилотни системи „Пума“ и „Равен“, опрема за киберзаштита на единиците за Лесната пешадиска баталјонска група, опрема за киберзаштита на Министерството за одбрана, опрема за JTAC за блиска воздухопловна поддршка, радиоуреди, надградба на Симулацискиот центар во Велес…
Потпишан е и договор за системи за противoклопна борба „Џевелин“, чија испорака би требало да почне в година. Министерот за одбрана потсети и дека се стигнати артилериските системи „Боран“ од сојузничка Турција, како и дел од опремата „Мистрал 3“, процес што се очекува да биде завршен до крајот на годината.
Со поддршка на Европскиот мировен фонд, во три пакети добиени се 40 милиони евра, а како што најави Мисајловски, најверојатно ќе има и нов пакет за Министерството за одбрана, односно за Армијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави…
Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…
САД продаваат проектили на Јужна Кореја, Пјонгјанг…
Северна Кореја ја осуди одлуката на САД…
САД: Кинески хакери упаднале во мрежи на…
Кинески хакери упаднале во сервери на американскиот…
Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…
Високи европски дипломати ќе се обидат утре…