Украина обвинета за саботажа на „Северен тек”
Украинските државни власти стојат зад саботажата на гасоводите „Северен тек“ во 2022 година, кои ја поврзуваа Русија со Европа, соопштија во четвртокот германските обвинители.
Во соопштението со кое ги образложија обвиненијата поднесени во средата против осомничениот Серхиј К., обвинителите наведуваат дека тој и уште шестмина соучесници дејствувале „по наредба на државни власти во Украина“.
Според обвинителството, Серхиј К., кој сега има 50 години, во времето на операцијата бил „офицер во украинската армија“, а и неговите соучесници биле „воени лица“.
Тие посочуваат дека планот бил „да се уништат гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2“ со цел „трајно да се запре снабдувањето со гас преку тие гасоводи и да се спречи Русија да ги користи приходите од трговијата со природен гас за финансирање на своите воени активности“.
Германија е еден од најголемите воени поддржувачи на Украина во нејзината борба против руската инвазија, што овој случај потенцијално го прави дипломатски чувствителен.
Како била изведена саботажата на „Северен тек“?
Опишувајќи како наводно била спроведена операцијата, обвинителите наведуваат дека Серхиј К. и неговиот тим отпатувале од Украина во Германија користејќи фалсификувани украински пасоши и изнајмиле јахта „Андромеда“ од германска компанија во северниот град Росток.
Истражителите, наводно, пронашле траги од воените експлозиви HMX и RDX на јахтата „Андромеда“. Експлозивот бил поставен со тајмери на подводните гасоводи во близина на данскиот остров Борнхолм до 22 септември 2022 година.
Експлозивните направи детонирале четири дена подоцна, на 26 септември, предизвикувајќи значителна штета, иако гасоводите во тој момент не биле во употреба.
„Пред инцидентот, околу половина од годишните потреби на Германија за природен гас се снабдуваа преку Северен тек 1“, наведуваат обвинителите.
Осомничениот ги отфрла обвиненијата
Германските медиуми во средата објавија дека против Серхиј К. е покренато обвинение за соучесништво во воено злосторство, попречување на јавни услуги, предизвикување експлозија и уништување објекти.
Обвинението следува по неговата екстрадиција од Италија во Германија, каде што беше уапсен во август 2025 година врз основа на германска потерница.
Серхиј К. негира дека е вмешан во случајот, а неговиот адвокат за агенцијата Ројтерс изјави дека е уверен оти неговиот клиент ќе биде ослободен од обвиненијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина обвинета за саботажа на „Северен тек”
Украинските државни власти стојат зад саботажата на…
Судењето против деветтемина полициски службеници за пожарот…
Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето…
„Еуроњуз“: ЕУ ќе пренасочи средства за Западен…
Европската Унија е подготвена да пренасочи дел…
Граѓаните сами ќе избираат дали ќе одат…
Во Македонија повторно се отвора прашањето за…
Тошковски за најновото врсничко насилство во Скопје:…
„МВР за овој, како и за сите…