Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Фејсбук објави дека го номинира градоначалниот на Општина Центар Горан Герасимовски за нов потпретседател на партијата.
Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ, пишува Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…
Протести поради растот на трошоците за живот,…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…
Авион на линијата Тел Авив – Виена…
Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…