Таравари: Ако Албанија влезе во ЕУ, секој Албанец од Македонија ќе аплицира за албански пасош

t

Интеграцијата во Европската Унија е единствената надеж за спас од масовната емиграција и демографскиот вакуум во земјата, вели лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Тавари во поткаст каде што предупредил за сериозни последици доколку земјата остане надвор од евроинтеграциските процеси, додека соседните земји напредуваат.

Зборувајќи за моменталната геополитичка ситуација и најавите дека Албанија и Црна Гора веројатно ќе станат полноправни членки на ЕУ до 2028 година, Таравари ја посочи реалноста со која се соочува Македонија кога станува збор за странските пасоши.

„Денес има двесте илјади Македонци кои имаат бугарски пасоши. Ви гарантирам дека ако Албанија влезе во ЕУ, секој Албанец од тука ќе аплицира за албански пасош. Што ќе остане во Македонија?“, прашал Таравари, пренесуваат медиумите на албански јазик во државата.

Тој нагласил дека граѓаните се соочуваат со голем песимизам и дека добивањето бугарски, грчки или албански пасоши не се прави од никаква друга причина, туку само за да имаат европски пасош, што ќе им овозможи слободно да се движат, да работат каде сакаат и да се враќаат кога сакаат.

„Дали сме свесни дека целосното прифаќање и членството во ЕУ е еден вид надеж луѓето да останат во земјата? Дали она што го правиме е патриотизам?“ додал Таравари, критикувајќи ја стагнацијата во европските интеграции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…