Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж

t

Нашите позиции се принципиелни, СДСМ ќе остане конструктивен за Изборниот законик, но нема да прифати решенија што отвораат простор за изборни манипулации и изборен грабеж, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Ние нашите позиции, односно за Изборниот законик, јасно ги кажавме и ги образложивме. Од што стравуваме, зошто сметаме дека тоа не е добро да биде така формулирано во законот. Зошто да има различно гласање за дијаспората и за луѓето кои што живеат во дијаспора, од луѓето кои што тука живеат? Зошто ние тука гласачите да оставаме фингерпринт и така натаму, а некој да гласа електронски или да гласа со писма? Зошто да не е еднакво безбеден процесот на гласање за тие што се во земјата и за тие што не се во земјата? Ние за тоа се бориме“, рече Филипче.

Со предложените решенија Владата неоправдано ги изложува граѓаните од дијаспората на сомнежи и ризици.

„Зошто премиерот Мицкоски им става таков товар на нашите граѓани кои што живеат во дијаспора? Некој утре да им каже дека биле дел од изборна измама. Зошто ги изложуваат на таков ризик тие луѓе? Нека гласаат тука еднакво како што сите ние гласаме“, истакна Филипче.

Тој посочи дека СДСМ има аргументирани забелешки и за други предложени измени во Изборниот законик.

„Понатаму, зошто Државната изборна комисија да не може да одлучува за целокупниот материјал за изборите? Зошто мора да се земат предвид, согласно новиот предложен закон, приговорите кои што се внесени во записниците? Може некој нема да ги запише. Нема никаква логика“, рече Филипче.

Во однос на начинот на гласање, претседателот на СДСМ предупреди дека предложените измени отвораат сомнеж за можни манипулации.

„Зошто да дозволиме различно обележување на гласачкото ливче, што видовме и слушнавме? Како власт манипулира со изборите порано, до пред 10 години? За тоа јасно одредено се заокружува само бројот пред името на основната партија. И за тоа има логично објаснување. Но тоа што премиерот менува еднаш вака, еднаш така, само колку да помине законот, создава сомнеж“, нагласи Филипче.

Тој порача дека останува отворено прашањето зошто Владата инсистира на решенија што отвораат простор за сомнежи во изборниот процес.

„Зошто дозволува да се отвори врата за манипулација со изборниот процес? Ставаат товар на луѓето во дијаспората, дека утре тие можат да бидат обвинети дека учествувале во изборен грабеж. Зошто да им ставаме таков товар на тие луѓе? Нека дојдат, нека гласаат тука со фингерпринт и сè, како што ние гласаме сите“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж

Нашите позиции се принципиелни, СДСМ ќе остане…

СДСМ ја нападна новата платформа: Ја продаваат…

Кога луѓе кои со години работеа за…

Лукаревска не добила покана за присуство на…

За новата социјалдемократска платформа „Разговори за иднината…

Мицкоски: СДСМ во коалиција со Левица поднесоа…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

Филипче ќе го номинира Герасимовски за потпретседател…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче најави дека…