Објавено на:

(Видео) Трет пожар во Штип, евакуирани работници – гори меѓу штипската млекара и конфекција

t

Попладнево изби и трет пожар во Општина Штип помеѓу објектите на Штипска млекара и текстилната конфекција „Албатрос“. Гори сува трева помеѓу објектите, а во моментов на терен се пожарникари од ТППЕ Штип, доброволци од доброволното противпожарно друштво Штип, полицски службеници и месното население од штипската населба Каленица.

Пред половина час евакуирани се и текстилните работнички од текстилната конфекција „Албатрос“.

Локализиран е пожарот на тврдината Исар, кој попладнево зафати поголема површина и постоеше опасност огнот да се приближи и до куќите во населбата Исар. Во гаснењето и на овој пожар учествуваа пожарникари од ТППЕ Штип, доброволци од ДПД Штип и локално население. Според очевидци пожарот на тврдината Исар настанал од искрење на жица од електричен столб.

Во штипското село Чардаклија попладнево изгоре и фотоволтаична централа. Покрај стариот регионален пат од пожарот, кој се ширел од фотоволтаичната централа, се уште се забележува тлеење.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, информираше дека материјалнатa штета во овој пожар е голема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…

Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…

Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…

Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…

Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…

Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…

Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…

Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…

Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…

Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…