АРМ се поднови со опрема вредна 40 милиони евра од европскиот мировен фонд

t

Радари, термални камери, транспортни возила, симулатори. Македонската армија се поднови со нова воена опрема набавена со пари од Европската Унија.

Преку европскиот мировен фонд досегашната подршка за АРМ изнесува 40 милини евра.Опремата која беше презентирана во касарната Илиден за евроамбасадорот Михаил Рокас е доказ за видливиот резултат од партнерството меѓу Европската Унија и Северна Македонија.

Испораката е поделена во три фази, веќе се пристигнати првиот пакет и дел од вториот. Во рамките на третиот ќе пристигне опрема за логистика, комуникациски и пешадиски единици.Соработката се продлабочува и со воена обука, а дел војниците преку симулација ги покажаа воените способности.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски очекува да се потпише и договор со Европската унија за четврт пакет на воена опрема.

Македонија во моментов издвојува околу четири проценти од бруто-домашниот производ за одбраната, средства насочени кон модернизација и подобрување на капацитетите на АРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…