Објавено на:

ТАЖНА ВЕСТ: По кратко боледување, прерано нè напушти познатата македонска професорка

t

По кратко боледување почина Катерина Мирчевска (12 мај 1972, Скопје – 3 јули 2026, Скопје) македонски историчар, редовен професор и долгогодишен научен советник во Институтот за национална историја.

Катерина во Скопје го завршила основното и средното образование. Во 1995 година дипломирала на Институтот
за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1995 година ги следела постдипломските студии на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје.

Предметните испити успешно ги положила во предвидениот рок и на 12. IV 2001 година магистрирала на темата „Македонката во националноослободителното движење во егејскиот дел на Македонија (1941-1949)”, со што се стекнала со научниот степен магистер на историски науки.

Во 2008 година, во рамките на Секторот за настава на постдипломските и докторски студии при Институтот за национална историја во Скопје ја одбранила и докторската дисертација на тема “Децата-бегалци од егејскиот дел на Македонија во Југославија и Македонија 1948-1975” и се здобила со научниот степен доктор на историски науки.

Д-р Катерина Мирчевска од 1997 година била вработена во Институтот за национална историја, во Одделението за историја на македонскиот народ (1941-1991).

Била автор и соавтор на голем број научни трудови, монографии и книги, меѓу кои се „Хроники на селата во Леринско“ и други.

Од Институтот велат дека проф. д-р Катерина Мирчевска била долгогодишен научен советник во Институтот за национална историја, „посветен истражувач и врвен професионалец, која со својата научна работа, човечка доблест и колегијалност остави длабока и неизбришлива трага во македонската историографија и во животот на Институтот“.

„Нејзиниот богат научен опус, професионален интегритет и искрена посветеност кон науката ќе останат трајно сведоштво за нејзиниот придонес во развојот на историската наука во Македонија. Институтот за национална историја изразува искрено и длабоко сочувство до нејзиното семејство, роднините, пријателите и сите што имаа чест да соработуваат со неа“, објавија од Институтот за национална историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТАЖНА ВЕСТ: По кратко боледување, прерано нè…

По кратко боледување почина Катерина Мирчевска (12…

Пожарникарите и авионите се борат да го…

Околу Пробиштип сѐ уште е активен пожарот…

Лидерите на НАТО во Анкара ќе ја…

Лидерите на земјите-членки на НАТО, меѓу кои…

Голема полициска акција низ Македонија: Приведени 23…

Во координирана полициска акција спроведена во текот…

АРМ се поднови со опрема вредна 40…

Радари, термални камери, транспортни возила, симулатори. Македонската…