СДСМ: Сателитите на Мицкоски од „ЗНАМ 2.0“ се насочени кон рушење на партијата
Опозициската СДСМ обвини дека платформата „ЗНАМ 2.0“ не е иницијатива за јавна дебата, туку проект чија цел е, како што наведуваат од партијата, да го ослаби СДСМ одвнатре.
СДСМ тврди дека се потврдиле нивните претходни обвинувања, повикувајќи се на, како што наведуваат, јавна изјава на Игор Ивановски – Шема дека платформата не била формирана за „разговори за иднината“ на државата, туку за рушење на СДСМ одвнатре.
„Се потврди она што го говори СДСМ со месеци, сите маски паднаа, се покажаа вистинските лица на платформата ЗНАМ 2.0“, наведуваат од партијата.
Од СДСМ оценуваат дека, по неуспехот на политичкиот проект ЗНАМ, премиерот Христијан Мицкоски, како што тврдат, преку „препакуван проект“ се обидува да ја пренасочи јавната дебата од, според нив, криминалот на власта кон внатрешните состојби во опозициската партија.
Во соопштението се наведува и дека платформата „ЗНАМ 2.0“, според СДСМ, се залага за укинување на непосредниот избор на претседател на партијата од страна на членството.
„Им пречи демократијата во СДСМ, па бараат да се укине највисокиот демократски чин и право на членовите“, велат од СДСМ.
Партијата, исто така, обвинува дека на неодамнешна трибина на платформата учествувале лица од други политички партии кои дебатирале за внатрешната организација на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…
СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…
Откако СДСМ побара да се објават анализите…
Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…