Мицкоски: На цела територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници

t

Договор меѓу ЈПДП и ЕБОР за грант средства за изградба на автопат Скопје-Блаце беше потпишан денеска во Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова е проект кој со децении бил најавуван, а за него е големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници

-Покрај оваа која треба да го оврзе главниот град во Блаце, тука се и делницата која треба да ги поврзе Ттеово и Гостивар, Гостивар со Букојчани, го завршуваме делот од автопатото Кичево-Охрид, Прилеп-Битола и наскоро очекувам да биде завршена процедурата која треба да го поврзе Букојчани со Кичево. Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие шест автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија, појасни Мицкоски.

Токму економскиот развој, посочи премиерот, претставува еден од врвните приоритети на Владата.

-Градежништвото како еден од главните носители на економскиот развој во годините кои следат, очекувам да продолжи со несмалена динамика. Со април имаме исклучително висок степен на реализција на проекти, за речиси една третина подобро од минатата година истиот месец. Очекувам во таа насока да се децижат работите и во периодот кој следи, посочи Мицкоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека со вакви капитални проекти се развива државата.

-„Гранит“ предводи еден конзорциум кој ќе го гради овој автопат, домашните компании покажуваат дека може да работат и да изведуваат големи градежни проекти, нагласи Николоски.

Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри. Рокот за изградбата е четири години, но надлежните се надеваат дека проектот ќе го завршат поскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: На цела територија на државата ќе…

Договор меѓу ЈПДП и ЕБОР за грант…

МВР: Бројот на жртви во сообраќајни незгоди…

Од почетокот на примената на системот „Безбеден…

Руте и Фон дер Лајен: Европа повеќе…

Времето кога Европа можеше да ја препушти…

Зеленски по рускиот напад: Немавме со што…

Зеленски отворено призна дека украинската воздушна одбрана…

Во Техеран започна поворката за починатиот ирански…

Погребната поворка за починатиот врховен лидер на…