Од полноќ дизелот поскапува за 2,5 денари, бензините за денар
Од полноќ возачите ќе плаќаат повисоки цени за горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за просечно зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 1,47 проценти. Најголемата промена е кај дизелот, кој поскапува за 2,5 денари по литар. Бензините ќе бидат поскапи за 1 денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена повисока за 2 денари. Единствено мазутот поевтинува – за 0,265 денари по килограм.
Од Комисијата објаснуваат дека корекцијата на цените е резултат на движењата на светските пазари. Во изминатиот пресметковен период цената на бензините пораснала за 2,576 проценти, дизелот за 5,201 процент, а екстра лесното масло за 4,681 процент. Во исто време, цената на мазутот е намалена за 0,967 проценти.
Дополнително, врз конечната пресметка влијаел и повисокиот курс на денарот во однос на американскиот долар, кој во анализираниот период се зголемил за 1,5132 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две години затвор за Пеце Матевски, условни…
Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски,…
Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…
Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…
Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…
Радев повторно се пожали дека „проблемите на…
„Европа мора да учествува во преговорите за…
Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…
На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…