Изгорени над 250 хектари во пожарот во Пробиштип

t

Општина Пробиштип од денеска почнува да ги прима пријавите за штетите на земјоделските култури и на објектите по големиот пожар, кој се случи на 3 јуни во атарите на селата Неокази, Бучиште и Ратавица, информираше градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Тој истакна дека пријавувањето на штетите ќе трае до 15 јули, по што на терен ќе излезе Комисијата за проценка на штетите формирана од Општината.

-Ние како општина имаме формирано комисија која ќе треба да ја утврди настанатата штета и согласно правилникот кој го има донесено Општина Пробиштип, ќе биде доставен до Советот. Понатаму ќе биде доставен до Владата, по што граѓаните делумно ќе бидат обештетени од оваа несакана појава – вели Тоневски.

Инаку, според првичните проценки, опожарени се над 250 хектари во атарите на Неокази, Бучиште и Ратавица и изгоре една куќа во селото Бучиште.

-На настанатиот пожар во петокот, има зафатено околу 250 хектари. Главно се земјоделски површини, има нискостеблеста шума и пасишта, зафатени се пчелни семејства, овоштарници, житарици и дел од куќите во село Бучиште, вели Тоневски.

Во ТППЕ-Пробиштип пожарот е пријавен дека гори нива со жито во село Неокази, по што поради ветерот се раширил во правец кон селата Бучиште и Ратавица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Личната карта и возачката дозвола на мобилен…

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во…

САМО 13 ЧАСА ПРЕД ТРАГИЧНИОТ КРАЈ БИЛЕ…

Две лица биле пронајдени мртви во стан…

Голема акција на МВР за сузбивање на…

Во текот на ноќта била реализирана акција…

Трамп: Иран нè нападна малку, ние возвративме…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…