ДУИ нема проблем со електронско гласање, се мисли за гласање по пошта, а бара една изборна единица и отворени листи, но со праг од 5 проценти
Опозициската ДУИ нема проблем дијаспората да гласа електронски – велат дека се работи за форма прифатена од сите политички партии кои биле присутни во работната група за Изборниот законик.
„Во врска со гласањето на дијаспората, ставовите и гледиштата на политичките партии беа разгледувани и одредени во форма на прифатено решение (од сите присутни политички партии) за електронско гласање. Гласањето по пошта е предлог кој доаѓа надвор од работната група. Во врска со една изборна единица – да, само со 5% праг од вкупно запишаните избирачи и со отворени листи (кумулативно трите услови)“, рекоа од ДУИ.
Ова доаѓа откако опозициските СДСМ и Левица го закочија носењето на Изборниот законик со над 13 илјади амандмани. Опозицијата денеска со нов предлог – бараат Државната изборна комисија со консензус да го регулира гласањето на дијаспората. Социјалдемократите се на став дека откако не поминал обидот за електронско гласање, сега се форсира гласање по пошта без соодветни заштитни механизми. Од партијата велат дека не се против гласањето на дијаспората, туку против начинот на кој се обидува да се спроведе.
Од опозициските редови и Левица со порака дека најголема измама на која власта инсистира е дека електронското гласање на дијаспората е најважното прашање за македонската демократија. Од партијата велат дека копјата треба да се кршат околу прашањето за една изборна единица.
Од ЛДП, пак, бараат јавно да се објават сите записници од работната група за измени на Изборниот законик, како и сите поднесени предлози и амандмани – велат сè нека се стави на увид на јавноста, па граѓаните самите да видат кој фабрикува реалност.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска стигна одговор до СДСМ и Левица. Од владејачката партија со оценка дека СДСМ се плаши од изборен пораз, а Левица сака да профитира и тоа е причината за блокадата на Изборниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ нема проблем со електронско гласање, се…
Опозициската ДУИ нема проблем дијаспората да гласа…
Аеродромот на Сицилија затворен поради активност на…
Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и…
Скандалозни изјави на Трамп – призна дека…
Невиден политички и спортски скандал го тресе…
Јамалов: Владата со ребалансот ја насочува државата…
На денешната седница на Комисијата за финансирање…
Ќе има промени во ЕЕС системот: Европската…
Европската комисија призна дека се појавиле технички…