Пашинијан: Ерменија сака да ги реши проблематичните прашања со Русија
Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, на заедничката прес-конференција со рускиот колега Михаил Мишустин во Екатеринбург, изјави дека се надева дека неговата земја ќе може да ги поправи односите со Русија и да ги реши проблематичните прашања.
Русија минатиот месец, пред парламентарните избори во Ерменија, воведе трговски рестрикции за Ереван, меѓу кои и забрана за увоз на низа производи – свежо овошје и зеленчук, цвеќе, риби и алкохолни пијалаци. Ерменија во голема мера е зависна од увозот од Русија, првенствено во енергетскиот сектор. Русија минатата година учествуваше со околу 35 проценти во вкупната надворешна трговија на Ерменија.
Средбата помеѓу рускиот и ерменскиот премиер се одржа во рамките на Меѓународната индустриска изложба во Екатеринбург, а Пашинијан ја опиша како можноста за „усогласување на часовниците“.
Пашинијан посочи дека и покрај тензиите неговата влада останува посветена на понатамошниот развој на односите со Русија и учество во Евроазиската економска унија.
На парламентарните избори во Ерменија, што се одржаа во јуни, партијата Граѓански договор на Пашинијан ги порази неколкуте проруски опозициски партии.
Европската Унија обезбеди економска помош за Ерменија од 52 милиони евра и олесни некои правила за извоз за ерменски производи наменети за европскиот пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пашинијан: Ерменија сака да ги реши проблематичните…
Премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, на заедничката…
Со помош на вештачка интелигенција: Откриени 73…
Научниците користеле вештачка интелигенција за да откријат…
Свештеник читал молитва за Трамп и Америка…
Во црквата Рождество на Пресвета Богородица во…
Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску…
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави…
Инфантино: Немам никаква врска со одлуката да…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, конечно собра…