Утре нов обид за договор за Изборниот законик

t

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. 

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 30 септември 2028 година. Подготвени се, како што наведуваат оттаму, да прифатат и една изборна единица.  

Левица во меѓувреме побарала државното финансирање за изборно рекламирање за партии со пратенички групи да биде 10 отсто и одлучувањето во ДИК да биде консензуално, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо.  

Во измените и дополнувањата на Изборниот законик што се во собраниска процедура и за коишто сега се поднесени околу 13.500 амандмани од СДСМ и Левица, најспорен беше предлогот за електронско гласање на дијаспората. СДСМ веднаш го одби овој предлог, додека за Левица беше прифатлив за сметка на зголемување на процентот за платено политичко рекламирање за избори. 

Учесниците во работната група за Изборниот законик за буџетското финансирање на партиите за избори го прифатиле предлогот на ДУИ и Левица соодносот на бројот на пратеници да биде објективен критериум за користење на 97% од овие средства, а 3% да бидат на располагање на партиите кои немаат пратеници во Собранието. Согласно тоа 42 % би оделе за двете најголеми партии од власта, 42 % за двете најголеми партии од опозицијата, 8 % за партии со пратенички групи, 5 % за партии без пратенички групи и 3 % за вонпарламентарни партии и групи избирачи. 

Доколку во Парламентот биде постигната согласност за Изборниот законик, тогаш СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите и процесот ќе се одблокира. Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за нашата земја во контекст на реформските процеси. 

Инаку, во среда на седница на Уставниот суд е иницијативата на Левица и Демократи за политичкото рекламирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Знаеле дека ќе наредам мобилизација, затоа…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изнесе ново тврдење…

Ердоган остро кон Грција: „Престанете да ги…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остро…

Русин бил физички нападнат во скопскиот Градски…

Дваесет и петгодишен државјанин на Русија пријавил…

Силно невреме во Струмица, силниот ветер собори…

Силно невреме во Струмица го зафати градот…

Во Кина е поврзан најдолгиот трансокеански мост…

Најдолгиот трансокеански мост во североисточна Кина, мостот…