БРТ ќе биде ставен во функција до крајот на мојот мандат, ветува Ѓорѓиевски
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во гостување во вестите на Сител, најави дека проектот за брз автобуски транспорт, БРТ, ќе биде ставен во функција до крајот на неговиот мандат.
Тој посочи дека, покрај изградбата на коридорот од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, предвидена е и набавка на 40 автобуси кои ќе сообраќаат на оваа траса. Според Ѓорѓиевски, до крајот на годината треба да започнат и теренските активности поврзани со реализацијата на проектот.
„До крајот на мојот мандат ќе биде ставен во функција целиот брз рапид транспорт“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека побрзо решение за актуелните проблеми во јавниот превоз е набавката на нови автобуси, процес кој, како што рече, треба да заврши до крајот на годината. Според него, целосното решавање на проблемот со јавниот превоз ќе биде можно кога ќе пристигнат новите автобуси.
Ѓорѓиевски посочи дека во изминатите шест месеци е остварена заштеда од околу еден милион евра во однос на сервисирањето, додавајќи дека градот мора да создаде стабилен систем за граѓаните да не се соочуваат со долготрајни проблеми во јавниот транспорт.
„Градот мора да создаде систем за да не се случува подолг временски период граѓаните да поминуваат низ голгота поврзана со јавниот транспорт“, рече тој.
Според Ѓорѓиевски, состојбата во јавниот превоз е подобрена во однос на истиот период минатата година, но, како што нагласи, потребни се уште многу промени.
„Минатата година ова време беше полошо, сега е далеку подобро. Треба да се донесат многу промени, имам силен тим и верувам во промени“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека неговиот пристап не е насочен кон жалење за проблемите од минатото, туку кон нивно решавање.
„Има луѓе кои се жалат на минатото, јас не функционирам така. Проблемите од минатото ги решавам и таков е мојот стил на работа“, порача Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРТ ќе биде ставен во функција до…
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во гостување во вестите…
Масовен комбиниран напад врз Киев: Најмалку 22…
Киев повторно се разбуди под урнатини, откако…
Трамп се закани: Ако нема договор со…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Утре нов обид за договор за Изборниот…
Во Собранието утре повторно ќе се одржи…
Кој е Џани Инфантино: „Човекот од ждрепките“…
Скандалот со Фоларин Балогун повторно го стави…