Објавено на:

Зеленски: Русија сака да им нанесе што е можно повеќе страдање и штета на Украинците

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека масовните воздушни напади извршени од Русија во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот биле намерно насочени кон цивили и инфраструктура во Украина, со цел да се предизвика што е можно поголемо страдање и штета.

Доцна синоќа, Зеленски на социјалните мрежи објави дека Русија истрелала 68 ракети, вклучително и бројни балистички ракети, како и повеќе од 350 беспилотни летала.

Киев и околниот регион биле главна цел на нападот, наведе Зеленски на Телеграм, обвинувајќи ја Москва дека „сака да им нанесе што е можно повеќе страдање и штета на Украинците и на Украина“.

Зеленски изјави дека операциите за спасување продолжуваат, особено во градот Вишнево во близина на Киев, и додаде дека владата ќе издвои итни средства за помош на општината, бидејќи обемот на уништувањето ги надминал капацитетите на локалните власти.

Според последните податоци, во руските напади загинале 22 лица, а околу 90 се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…