СДСМ: Мицкоски набрзина гради нова опција за раситнување на опозициските гласови

t

Платформата за иднината на Мицкоски се распадна, уште не почната, велат од СДСМ.

„Во емисијата „Во Центар“, Андреј Петров отворено призна дека групата работи веќе осум месеци против СДСМ. Прво го туркаа Јован Деспотовски како промотор, потоа Петре Шилегов. Сега, во истата емисија, признаа дека ниту едниот ниту другиот не биле поканети на нивниот состанок. Луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња. Говорат за „единство“ и „реформи“, а не можат да ги задржат ниту првите двајца промотори кои сами ги лансираа“, велат од партијата.

Група од десетина луѓе, додаваат од СДСМ, која не може да остане заедно ниту неколку месеци, сега излегува и тврди дека има решение за СДСМ.

„Истите тие луѓе кои беа дел од раководството и директно учествуваа во креирањето на историскиот изборен пораз во 2024 година, денес се претставуваат како спасители. Каде беа кога партијата паѓаше? Каде беа кога СДСМ ја губеше власта и довербата? Зошто не се приклучија на бројните повици да дојдат во партија? Сега, кога СДСМ се консолидира, кога полека ја враќа довербата и се стабилизира, истите тие скокнаа со цел да ја уништат однадвор. Зошто не се кандидираа на внатрепартиските избори? Зошто не ја побараа довербата од членството на демократски начин? Наместо тоа, сега сакаат на сила и недемократски да ја преземат контролата врз партијата, преку притисок од медиуми и затворени состаноци. Најопасното од сè е што оваа група отворено соработува со луѓе од ЗНАМ и други партии. Ова повеќе не е внатрешна иницијатива. Ова е Платформа за иднината на Мицкоски – ново издание на ЗНАМ, креирано во паника“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека Христијан Мицкоски е свесен дека неговата партија загубила преку 150.000 гласови, дека рејтингот му е на историски најниско ниво, и дека нема резултати.

„Знае дека мора да влезе во кампања за предвремени избори, а нема ниту пари. Затоа на брзина гради нова опција за раситнување на опозициските гласови – токму како што претходно го искористи ЗНАМ. Оригиналниот ЗНАМ повеќе не постои. Сега му треба нова верзија која ќе ја фрагментира опозицијата, а потоа ќе се обиде да ги апсорбира гласовите. Сателитите на ВМРО и Мицкоски не можат да направат ништо. СДСМ е силен. Оваа платформа нема да помине. Нема да дозволиме СДСМ да биде уништена од луѓе кои ја напуштија кога беше најтешко, а сега се враќаат во јавност во координација со власта. Ова нема да ви помине, Мицкоски. Ниту вам, ниту на вашите нови сателити“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски набрзина гради нова опција за…

Платформата за иднината на Мицкоски се распадна,…

Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две…

По иницијатива на пратеничката група на СДСМ…

СДСМ: Сателитите на Мицкоски од „ЗНАМ 2.0“…

Опозициската СДСМ обвини дека платформата „ЗНАМ 2.0“…

СДСМ: Игор Ивановски призна дека платформата ЗНАМ…

Денеска паднаа сите маски. Јавно, на телевизија,…

СДСМ: Нарачана анкета во време на паника…

Соопштение на СДСМ Објавувањето на новата анкета…