18-годишник без положен возачки испит учествувал во тешка сообраќајка во Тетово
Двајца возачи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, информира МВР.
Несреќата била пријавена во 7:30 часот, а во неа учествувале автомобил „бмв“, управуван од 18-годишниот М.Б. од Тетово, кој немал положено возачки испит, и товарно возило „форд“, управувано од 24-годишниот В.Е. од Пршовце.
Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени за укажување помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и Клиничката болница во Тетово.
Во несреќата бил повреден и 19-годишниот А.Р. од Тетово, сопатник во товарното возило. Кај него биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18-годишник без положен возачки испит учествувал во…
Двајца возачи се тешко повредени во сообраќајна…
Бабиш: Чешка годинава не може да издвои…
Чешкиот премиер Андреј Бабиш, пред заминување на…
Парламентот на Црна Гора ја започна постапката…
Парламентот на Црна Гора со мнозинство гласови…
Бран закани со бомби низ цела Бугарија,…
Втор ден по ред јавните институции низ…
Тренчевска: Нема што СДСМ да се договара…
Намерата на власта не била реформа и…