Ле Пен осудена на три години затвор: Ќе може да се кандидира за претседателка, но со електронска нараквица
Апелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата за измама против Марин Ле Пен, лидерка на крајно десничарската партија Национален собир, што ја доведува во прашање нејзината кандидатура на претседателските избори во 2027 година. Иако судот ја скрати нејзината забрана за кандидирање и со тоа потенцијално ѝ го отвори патот за учество во претседателската трка, беше пресудено дека таа мора да ја отслужи затворската казна, пишува Euronews.
Ле Пен беше осудена на три години затвор, од кои две години се условни, и ќе мора една година да остане дома и да оси електронска нараквица. Судот ѝ одреди и казнета од 100.000 евра. Тоа значи дека, барем засега, таа формално не е спречена да се кандидира.
Одлуката доаѓа откако Ле Пен претходно изјави дека нема да се кандидира за претседател доколку мора да носи електронска нараквица.
Минатогодишната првостепена пресуда ја прогласи Ле Пен, заедно со 24 поранешни европски претставници, асистенти и сметководители и самата партија, за виновна за водење систем на проневера.
Тие беа обвинети дека ги користеле средствата на Европскиот парламент за вработување на персоналот на Националното собрание во Франција од 2004 до 2016 година. Во тоа време, таа беше осудена на петгодишна забрана за вршење јавна функција и четири години затвор, од кои две беа условни, по што таа поднесе жалба со уште десет други обвинети.
Ле Пен го нарече процесот „лов на вештерки“, а некои од нејзините поддржувачи испратија смртни закани до судиите.
За време на жалбената постапка, таа негираше дека нејзината партија има систем за проневера на средствата од Европскиот парламент, тврдејќи дека партијата дејствувала „со целосна добра намера“.
Од друга страна, обвинителите инсистираа на тврдењето дека таа го „професионализирала“ начинот на пренасочување на средствата од ЕУ. Тие изјавија дека системот бил случајно воведен од нејзиниот покоен татко и коосновач на партијата Жан-Мари Ле Пен, а таа го подобрила откако ја презела функцијата од него во 2011 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…