Објавено на:

Портокалово предупредување во Грција: Висок ризик од пожари на Крит и во северниот дел на Егејот

t

Грчките власти прогласија портокалово предупредување за денеска на островот Крит и во делови од северниот дел на Егејското Море поради многу висок ризик од избувнување шумски пожари.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита упати апел до граѓаните да бидат крајно внимателни и да избегнуваат какви било активности што би можеле да предизвикаат пожар, јавува грчката јавна телевизија ЕРТ.

Според надлежните, најголема опасност од пожари постои во областите Хиос, Самос, Икарија, Ретимно, Ираклион и Ласити.

Од Цивилната заштита ги повикаа жителите и посетителите да не палат сува трева, гранки или растителен отпад, да не користат машини што создаваат искри, како кружни пили и апарати за заварување, да избегнуваат палење скара на отворено и да не фрлаат неизгаснати отпушоци од цигари.

Властите предупредуваат дека високите температури, сувото време и засилениот ветер создаваат услови за брзо ширење на евентуалните пожари, поради што се засилени мерките за превенција и подготвеноста на противпожарните служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека…

Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со…

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Сопругата на Александар Вучиќ: Се затвора едно…

Тамара Вучиќ (45), сопругата на сега веќе…

Поранешна Мис на Швајцарија го обвини Трамп…

Поранешната Мис на Швајцарија и манекенка Беатрис…