Утре со часови ќе нема струја во делови од повеќе населби во Скопје

t

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (8 јули) без струја привремено ќе останат повеќе населби и улици во Скопје, соопштија надлежните.

Според најавата, прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има на следните локации:

Горно Соње – дел од улица 8 (месност „Коштан“), од 08:30 до 15:00 часот;
Шуто Оризари – дел од улицата „Македонска Косовска Бригада“ кај сервис „Бутел“, од 09:00 до 11:00 часот;
Сопиште – дел од улица 4 (месност „Ветрила“), од 09:00 до 12:00 часот;
Лисиче – дел од улицата „Тодор Чангов“, од 09:00 до 14:00 часот;
Лисиче – дел од улицата „Тодор Чангов“ бр. 21, од 09:00 до 14:00 часот;
Карпош – делови од улиците „Хашка“, „Будимпештанска“ и „Душко Бојковски“, од 09:00 до 14:00 часот;
Ѓорче Петров – делови од улиците „Црногорска“, „Александар Македонски“, „Борис Сарафов“, „Смилевска“, како и месната заедница и бензинската пумпа во тој реон, од 09:30 до 14:30 часот;
Волково – дел од селото, улица 95 и околните улици, од 12:00 до 14:00 часот.

Од надлежните апелираат граѓаните и компаниите навреме да ги планираат своите активности и да ги земат предвид најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре со часови ќе нема струја во…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре…

Само мерки за претпазливост за тројцата насилници…

Основниот кривичен суд ги прифати предложените мерки…

Портокалово предупредување во Грција: Висок ризик од…

Грчките власти прогласија портокалово предупредување за денеска…

AI во HR повеќе не е иднина…

Првиот локално развиен и целосно независен AI…

Европската партија на АФД се соочува со…

Европскиот парламент во вторник започна постапка за…