Сиљановска-Давкова на прием кај Ердоган во Анкара пред НАТО Самитот

t

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, учествува на 36. Самит на НАТО, кој се одржува во Анкара, каде што со лидерите на земјите-членки разговара за безбедносните предизвици и иднината на евроатлантската соработка.

Во пресрет на официјалниот дел од Самитот, Сиљановска-Давкова присуствуваше на приемот што го организираше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. На Фејсбук таа информираше дека во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади размениле мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.

„Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста“, порача претседателката.

Попладнето лидерите на земјите-членки се собраа на традиционалното заедничко фотографирање, при што Сиљановска-Давкова беше позиционирана во првиот ред заедно со останатите шефови на држави и влади.

Самит на НАТО е фокусиран на зајакнување на колективната безбедност, унапредување на одбранбената соработка и координиран одговор на актуелните геополитички предизвици, а се очекува лидерите да усвојат повеќе заеднички заклучоци и насоки за идното дејствување на Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: На Украина итно ѝ се потребни…

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за…

Казнети првите моторџии преку „Сејф сити“: Се…

Министерството за внатрешни работи нашло техничко решение…

Купувате имот, но не можете да живеете…

Новите правила во рамките на програмата „Златна…

Застанал на паркинг во Струга за да…

Вчера во 22:00 часот во Струга, полициски…

МНР: Неточна информација е дека има оштетување…

Во врска со информациите објавени во дел…