Објавено на:

Нови напади на САД и Иран откако беа нападнати три танкери во ормускиот теснец

t

САД извршија нови напади врз Иран откако три танкери беа нападнати во Ормускиот Теснец. Централната команда на американската војска (Сентком) објави дека се погодени повеќе од 80 мети, вклучувајќи над 60 бротчиња на Иранската револуционерна гарда во Теснецот,

Иранските медиуми кажаа дека се нападнати островот Кешм, Бандар Абас и Сирик, каде што има повредени. Иран не ја презеде директно одговорноста за нападите врз бродовите, за што беше обвинет од Катар и Саудиска Арабија.

Гардата соопшти дека лансирала одмазднички напади врз американските воени бази во Кувајт и Бахреин. Иранското министерство за надворешни работи ги обвини САД за грубо кршење на меморандумот за разбирање потпишан минатиот месец и предупреди дека Техеран ќе преземе решителни мерки.

„Покрај 60-ина бротчиња, нападнавме и места за лансирање ракети и командни центри. Нападите се одговор за таргетирање и напад на комерцијални бродови со екипаж од невини лица во меѓународен воден пат“, соопшти Сентком.

Пред нападите, американското министерство за трговија ја отповика одлуката со која привремено беа укинати нафтените санкции за Иран, што беше дел од меморандумот за разбирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови напади на САД и Иран откако…

САД извршија нови напади врз Иран откако…

Утре почнува судењето против серискиот убиец од…

Во Основниот суд во Куманово на 9-ти…

Пакистански „Боинг 737“ исчезна над Арапското Море…

Товарен авион со пет члена на екипажот…

Украински воен разузнавач и екс полицаец уапсени…

Во случајот со убиството на Украинката што…

Инфлацијата во Македонија падна на 3,4 отсто,…

Инфлацијата во Македонија продолжува да се намалува…