Кос: Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан

t

Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан. Ова заслужува признание. Логиката на нашата финансиска поддршка е едноставна: колку повеќе една земја ги исполнува реформите, толку повеќе поддршка добива. Комисијата сега ги оценува перформансите на сите партнери од Западен Балкан, реформа по реформа, вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика Марта Кос. Таа денеска во Скопје ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски, за како што вели, да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на Планот за раст за Западен Балкан.

Во пресрет на Вашата посета на Скопје, претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, соопшти убави вести за Македонија дека е меѓу трите земји (со Црна Гора и Албанија) предводници во спроведувањето на Реформската агенда и дека ЕУ ќе ги пренасочи средствата за реформи на Западен Балкан кон предводниците, бидејќи останатите три земји кандидати од регионот заостануваат во нивното спроведување. Имте ли пресметки колку средства ќе бидат прераспредели и по кој принцип?

– Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан. Ова заслужува признание. Логиката на нашата финансиска поддршка е едноставна: колку повеќе една земја ги исполнува реформите, толку повеќе поддршка добива. Комисијата сега ги оценува перформансите на сите партнери од Западен Балкан, реформа по реформа. Потоа ќе продолжиме да доделуваме дополнително финансирање на дополнителни реформски обврски. Тоа е поддршка за земјите кои се подготвени да испорачаат уште повеќе. Македонија покажа дека може да го стори тоа.

Целта на вашата посета, како што информираа од вашиот кабинет е да се сретнете со властите за да охрабрите понатамошен напредок во реформите поврзани со Реформската агенда. Ставот на Владата е познат, ќе продолжи со реформите и евроинтегративниот процес, но нема да прифати уставни измени без јасни гаранции дека тоа е последното барање на патот кон ЕУ. Имате ли предвид некаква иницијатива за деблокада на нашите евроинтеграции?

– Македонија покажа дека може да испорача резултати кога има политичка волја. Ова јасно го гледаме во нејзините силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во преговорите за пристапување.

Украина и Молдавија почнаа со отворање на поглавјата, при што беше побарано и забрзување на пристапните преговори за овие две земји. Овој пример покажува дека кога сака, ЕУ се води од исклучиво политички причини во процесот на пристапување, а не и од критериуми. Во исто време, ја уценува Македонија со дополнителни услови. Каква порака тоа праќа за земјите кандидати од Западен Балкан?

– Напредокот на Украина и Молдавија се базира на нивните заслуги. Тие го исполнија она што сите 27 земји-членки го побараа од нив. Двете земји сега напредуваат.

За да ви дадам индикација за нивните стапки на реализација: минатата година, стапката на спроведување на реформите според Планот за раст на Украина и Молдавија изнесуваше 87% и 93% соодветно. Ниту една земја во Западен Балкан не постигна 50%. Сега ова за среќа се менува со големи подобрувања и овде во Македонија.

Гледаме напредок во исклучително тешки околности и по политички чувствителни прашања.

ЕУ планира драматично да ги зголеми трошоците за одбрана, мобилизирајќи 800 милијарди евра во наредните неколку години. Може ли тоа да влијае врз маргинализација на проширувањето како процес?

– Спротивно е: и двете одат рака под рака. Одбраната и проширувањето се дел од истата работа за да се направи Европа побезбедна. Проширувањето ги затвора сивите зони каде што организираниот криминал може да напредува и каде што надворешните сили можат да ја искористат нестабилноста против нас. Исто така, ја проширува заедницата на земји што ја делат одговорноста за безбедноста на Европа. Исто така, наоѓаме нови начини да ги поврземе двете. Земјите кандидати веќе можат да учествуваат во некои заеднички проекти за набавка на одбраната. Поблиската интеграција директно придонесува за одбраната на Европа. Македонија е веќе важен безбедносен партнер, вели Кос во интервјуто за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: Македонија постигна силен напредок во рамките…

Македонија постигна силен напредок во рамките на…

Трамп: Примирјето е завршено

Новинарите во Анкара го замолија американскиот претседател…

Даниела Димовска е избрана за претседателка на…

Со 11 гласа „за“, Судскиот совет ја…

Мерки за претпазливост за тројцата осомничени за…

Основниот кривичен суд ги прифатил предложените мерки…

(Видео) Драма во Штип: Багер во четири…

Несекојдневен и вознемирувачки инцидент се случил рано…