Денес се празнува Преподобен Давид
Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето. Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.
Тропар
Христе Господи, секаде каде што благодат врз благодат се додава, се надминува човековата природа. Малку се ѕвездите чија светлина ги пробива облаците, малку се бестрасните, о преподобен отче Давиде, с? што е на дар дарувано по твоите молитви, на дар е принесено до верните, кои преку тебе Бога Го прославуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот маченик Луп
Овој свет маж беше слуга кај Свети…
Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…
Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…
Денес се празнува Светиот апостол Тадеј
Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј…
Денес се празнува Светиот пророк Самуил
Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот.…
Денес се празнува Светиот маченик Андреј Стратилат
Беше офицер-трибун во римската војска во времето…