Објавено на:

(Видео) Македонската јавност згрозена: Некрофилијата е доминантен мотив на серискиот убиец од Кумановско!

t

Трајко Бојковски (25), обвинет за серија убиства на повозрасни жени во Кумановскиот регион, за дел од кои насилната природа на смртта мораше да се докажува со ексхумација на телата откако претходно биле закопани како да починале од природна смрт, проговоре во судница. На почетокот на денешното судење каде Бојковски е обвинет за 4 убиства и за 2 убиства во обид, тој не му одговори на судијата ниту како се вика, ниту пак го упати погледот кон него, по што беше побарана 10-минутна пауза. Со фиксиран поглед кон таванот, Бојковски почна да се смее и не одговараше, но после паузата го потврди својот идентитет. Неговиот адвокат рече дека се исплашил од камерите и многуте присутни во судницата на почетокот од судењето.

Обвинителот Љубомир Лапе рече дека Јавното обвинителство се нашло пред предизвик да докажува кривични дела во случај каков што досега немало во аналите на југословенската и македонската судска пракса, ама на кој предизвик смета дека успешно е одговорено.

Обвинителството во текот на постапката, рече Лапе, ќе докаже дека обвинетиот Трајче Бојковски од други ниски побуди со умисла лишил од живот 4 жени и се обидел да лиши од живот две жени. Во оваа смисла ЈО ќе изведе голем број докази од кои ќе се утврдат сите битни факти и елементи на кривичните дела.

Од записниците за увид, како што рече обвинителот, ќе се утврди местото на сторување на кривичните дела, од записниците за увид и ексхумација во корелација со обдукциите ќе се утврди начинот на сторување на кривичните дела. Од заклучоците за спроведена ДНК анализа, ќе се утврди дека токму сега обвинетиот Трајче е сторителот на кривичните дела.

-Од судско-психијатриското вештачење во корелација со обдукциските наоди на Институтот за судска медицина Скопје ќе се утврдат посебните мотиви кои постоеле и биле движечка сила обвинетиот да ги стори кривичните дела а воедно ќе бидат испитани и преживеаните жртви од кривичните дела убиство во обид, а од кои сите докази како една доказна целина, на несомнен начин ќе се утврди дека Трајче со намера да ги задоволи своите полови страсти кон мртви женски тела искористувајќи ги околностите кои од претходно му биле познати, дека покојните биле сами, немоќни, најчесто биле стари и заспани, влегувал во нивните куќи и физички ги напаѓал, ги удирал и ги давел, па откако ќе ги усмртел, со својот полов орган извршувал пенетрација во половиот орган на сега веќе покојните жртви. Во конкретниот случај, сметам дека правната квалификација е соодветна со оглед дека и покрај во дејствијата на обвинетиот се содржани повеќе квалификаторни елементи, сепак, некрофилијата е доминантен мотив во извршувањето на кривичните дела, рече обвинителот Лапе.

Семејствата на 4 жени кои беа убиени, се приклучија кон кривичниот прогон на Јавното обвинителство. Адвокатот на Бојковски Драган Трајковиќ му најави на судијата дека неговиот клиент ќе ја признае вината за сите дела, што подоцна не се случи бидејќи Бојковски рече дека не се чувствува виновен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонската јавност згрозена: Некрофилијата е доминантен…

Трајко Бојковски (25), обвинет за серија убиства…

ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…

Маѓар затвори два државни медиуми

Два унгарски државни медиуми кои се сметаат…

(Видео) Белите патики на Рама предизвикаа критики…

Освен безбедносните теми и војната во Украина,…

Трговијата со кокаин во Албанија во 2025…

Случаите на трговија со кокаин во Албанија…