Прилепските затвореници ги засукаа ракавите, жнееја на нива
Затвореници од затворот во Прилеп деновиве наместо зад затворските решетки, биле на нива, каде што учествувале во тековната жетва, пренесе Фокус.
Од Управата за извршување на санкциите споделија фотографии од работната атмосфера, со пофалба дека биле ожнеани 34.000 килограми јачмен.
-Казнено-поправниот дом Прилеп успешно ја реализираше овогодинешната жетва на јачмен, засеан на вкупна површина од 180 декари.
Во реализацијата на земјоделските активности активно беа вклучени и поголем број осудени лица, како дел од програмите за нивно работно ангажирање и ресоцијализација.
Од овогодинешната реколта е остварен вкупен принос од околу 34.000 килограми јачмен, кој во целост ќе биде искористен за сопствени потреби на установата, односно како добиточна храна за фармата во рамките на КПД Прилеп, велат од Управата.
Оттаму додаваат дека со ваквите активности, КПД Прилеп продолжува да ги унапредува програмите за ресоцијализација преку работно ангажирање на осудените лица, истовремено зајакнувајќи го сопственото производство, рационалното користење на ресурсите и економската самоодржливост на установата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…