Моника Зајкова ќе биде потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

t

Македонија ќе има претставник во највисокото раководство на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), откако пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, беше избрана за потпретседателка на организацијата на годишната сесија што се одржа во Хаг.

Зајкова ја доби поддршката од парламентарните делегации на 57 земји членки на ОБСЕ од Европа, Северна Америка и Централна Азија, победувајќи во трката каде кандидати за истата функција имаа и претставници од Полска, Франција и Словенија. По изборот, таа истакна дека функцијата претставува големо меѓународно признание, не само за неа и за ЛДП, туку и за целата држава.

„Ова е успех за сите мои сограѓани. Во Хаг покажавме дека можеме рамноправно да се натпреваруваме со претставници на најмоќните демократии во светот. Треба повеќе да веруваме во сопствените капацитети и во тоа што Македонија може да го понуди на Европа и светот“, изјави Зајкова.

Новоизбраната потпретседателка изрази благодарност за поддршката во рамки на македонскиот тим, но ги наведе и нејзините клучни фокус-точки за претстојниот мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…