Објавено на:

Пожар во руската рафинерија „Илски“ по напад со дрон – кризата за гориво во земјата се продлабочува

t

Пожар ноќеска избувнал во руската рафинерија за нафта „Илски“ во јужниот регион Краснодар по напад со беспилотно летало, додека, пак, во градот Таганрог се евакуираат луѓе поради одделен напад, соопштиле утрово локалните власти, пренесува Ројтерс.

Рафинаријата „Илски“ во областа Краснодар во пламен / Фото: Принтскрин
Според првичните информации, во нападите, кои најверојатно доаѓаат од Украина, нема жртви или повредени лица.

Нови украински напади
Украина во последените месеци ги засили нападите врз енергетската и друга инфраструктура на Русија со цел да ги ослабне воените капацитети на Москва во војната меѓу двете земји која трае повеќе од четири години.

Рафинеријата „Илски“, која, според Ројтерс, има капацитет за преработка на 138 000 барели нафта дневно, досега неколку пати беше цел на напади на украинските сили.

Во рускиот регион Ростов, исто така, се гаснеле пожари во две складишта за гориво, како и во пристанишниот град Таганрог, соопштил гувернерот на регионот Јуриј Сљусар на Телеграм.

Градоначалничката на Таганрог, Светлана Кубулова, на апликацијата за пораки Макс (Max) соопштила дека властите евакуирале луѓе од нивните домови во погодените области. Според неа, во нападите била оштетена една приватна куќа, а предизвикан е и пожар на административна зграда.

Руското Министерство за одбрана сооштило дека единиците за воздушна одбрана во текот на ноќта собориле 376 украински дронови, објави Ројтерс.

Нападите на рафинериите за нафта резултираа со недостиг и зголемнување на цените на горивата во земјата, поради што луѓе во долги редици чекаат на бензинските пумпи низ цела Русија.

Недостиг на гориво низ цела Русија
Како што пренесуваат дел од светските медиуни, возачите во Русија со часови, а во одделни региони и со денови чекаат на бензинските пумпи за да наполнат гориво. Дојче вече пишува дека во потрага по бензински пумпи што сè уште работат, граѓани патуваат од град во град, преспиваат во своите автомобили, чекајќи да дојдат на ред за да наполнат гориво, а неректко доаѓа и до конфликти меѓу луѓето што стојат во редиците.

Пред четири дена, украинските сили извршија напади со беспилотни летала на рафинеријата во Омск, оддалечена 2 500 километри од украинската граница, а цел на голем напад беше и рафинерија во непосредна близина на Москва. Ова значи, дека Киев ги погодил сите десет најголеми руски рафинерии, од Лениградската област до Омск.

Недостигот на гориво и високите цени почнаа предизвикуваат револт кај жителите на бројни руски области, кои со часови, ако не и денови чекаат во километарски колони пред бензински пушми кои сè уште имаат гориво.

Според локални жители, проблем не е само недостигот на гориво, туку и препродавачите кои купуваат поголеми количини, а потоа ги препродаваат по значитечно повисоки цени.

epa13100375 Колона возила пред бензинска пумпа на „Роснефт“ во Москва / Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY
За недостигот на гориво и долгите колони воизла кои чекаат на бензински станици во Русија сведочат и видеоснимки објавени на социјалните мрежи. Најтешка, според извештајот на Дојче веле, е ситуацијата во Чита, во регионот Забајкалје каде возачите чекаат во редици и до 36 часа, Корисници на интернет тврдат дека поединци продаваат места во редиците за дури 35 000 рубљи, односно околу 400 евра.

Повикувајќи се на објави на Телеграм и на локални руски весници, медиумите пишуваат дека ваквите околности ги тераат руските граѓани да ја менуваат својата дневна рутина, кога станува збор за превозот, па наместо автомобили дел од нив се одлучувуваат да користат велосипеди, јавен превоз, како и да се групираат кога одат во набавка на продукти или ги носат децата во училиште. Таксистите, според весникот „Комерсант“, работат сè поретко и одбиваат да возат на подолги дестинации, што довело до пораст на цените на овој вид превоз.

Политички реакции
Критики за ситуацијата почнале да стигнуваат и од политичките кругови во Русија. Пратничката во парламентот на земјата, Нина Останина, го крикувала молкот на министрите поради состојбата во која речиси една третина од руските рафинерии не работат.

„Зошто молчат министерот за земјоделство и надлежниот вицепремиер во пресрет на жетвата? Земјата може да остане без жито, што под меѓународни санкции би било еднакво на смртна пресуда“,

напиша таа на Телеграм.
Федералните власти, пак негираат дека постои системски недостиг од гориво и тврдат дека проблемот е предизвикан од панично купување и шпекуланти.

Дојче веле, но и други медиуми пишуваат дека поради проблемите со горивото опаѓа и довербата на граѓаните во рускиот претседател Владимир Путин. Анкета спроведена од Фондацијата за јавно мислење (ФОМ), спроведена од 19 до 21 јуни, покажала дека довербата во Путин за една седмица паднала од 74 на 69 проценти, што е најниско ниво од почетокот на војната со Украина.

Но загриженоста на граѓаните поради економските услови, пред сè поради зголемувањето на цените и трошоците за живот, не оди во иста иста насока кога станува збор за нивните ставови дали треба да се стави крај на војната. Според анкетата на Центарот „Левада“, објавена во јуни, поддршката за воената операција се зголемила, па така, во моментов неа ја поддржуваат 30 проценти од испитаниците што е за шест проценти повеќе во споредба со март 2026 година.

Мнозинството граѓани, односно околу 60 проценти од нив, сметаат дека Русија треба да започне мировни преговори, но овој процент е намален за седум поени во споредба со февруари 2025 година, пишува Дојче веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во руската рафинерија „Илски“ по напад…

Пожар ноќеска избувнал во руската рафинерија за…

Полицаец пукал со огнено оружје на семејна…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Ќе нема струја до 14:30: Исклучувања на…

Поради закажани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска…

Во име на сите Албанци, Бериша ѝ…

Лидерот на албанската Демократска партија (ДП), Сали…

(Видео) Погребан е поранешниот ирански ајатолах

Убиениот врховен ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи,…