Ќе има проблеми и за Србија – се шири стратегијата: Бугарија отвори канцеларии во Пирот за вадење бугарски пасоши
Стратегијата за вадење на бугарски пасоши во соседните држави која веќе успешно функционира во Македонија, властите во Софија ја присликуваат и во Србија. Во источниот дел во Србија, во градовите Пирот, Димитровград и Босилеград се отворени канцеларии во кои на жителите им се објаснува процедурата по која може да дојдат до бугарска патна исправа.
Како што пишуваат тамошните локални медиуми интересот е голем бидејќи во тие краишта живее бугарско малцинство а меѓу жителите од двете страни од границата има семејни и бизнис релации. Според последниот попис во цела Србија има нешто над 12.000 жители.
Една од агенциите кои посредува при вадење на бугарски пасош е „balkanmigration“, каде на заинтерирани детално им се објаснува за потребните документи и процедурата.
Односите меѓу Белград и Софија во последно време се нарушени откако Бугарија е една од земјите што го блокираше почетокот на преговорите на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…