Нови 840 станови ќе се градат во Македонија според мајските одобренија

t

Најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека во мај 2026 година во земјава се издадени вкупно 340 одобренија за градење, што претставува пад од дури 27,5 проценти во споредба со истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 669 367 илјади денари, што е за 15.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 229 (67.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 22 (6.5 %) за објекти од нискоградба и 89 (26.2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 340 објекти, на 214 (62.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 126 (37.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 840 станови со вкупна корисна површина од 71 561 м2

Во мај 2026 година:

Најмногу одобренија за градење, 229, се издадени за високоградба
Во Источниот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 76
За изградба се предвидени 840 станови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 840 станови ќе се градат во…

Најновите податоци на Државниот завод за статистика…

(Фото) ОВА СЕ КАЗИНАТА ШТО ЌЕ МОРА…

По новиот Закон за игрите на среќа,…

ССМ е против идејата за пензионирање на…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) изрази…

Пензионер од Радовишко потпалил игралиште и нива,…

Седумдесет и тригодишен жител на радовишкото село…

Дрска кражба во Скопје: Среде ноќ испразниле…

На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР…