Следната недела треба да се знае дали Охридскиот Регион ќе го задржи статусот на УНЕСКО, Николоски е оптимист

t

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски е оптимист дека Охридскиот регион ќе успее да го зачува статусот на светско природно и културно наследство по заштита на УНЕСКО и оти нема да се најде на листата на загрозени подрачја.

Николоски денеска одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека својот оптимизам го темели по посетата на Мисијата на УНЕСКО на земјава, минатиот месец, а со чии претставници имале средба тој и заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири.

„Таму водиме една силна битка, но мислам дека е многу многу значајно што успеавме да донесеме преку 10 амбасадори на земји членки на УНЕСКО, тие се тие коишто гласаат, да ја посетат нашата држава“, рече Николоски.

Тој додаде дека веќе следната недела во Јужна Кореја ќе почне генералното собрание на организацијата во рамките на Обединетите нации, по што, според вицепремиерот и ресорен министер, работите ќе бидат појасни.

Говорејќи во тој контекст, Николоски рече дека иако не сака да зборува предвреме, сепак се надева дека земјава ќе успее да го избегне она што го оцени како најкритично за нас, а тоа да Охридскиот Регион да се најде на листата на загрозени подрачја.

„Во однос на најкритичната точка дали ќе оди Охридскиот регион како загрозено подрачје не сакам прерано да давам изјави, но мислам дека ќе успееме да го избегнеме тоа“, изјави Николоски кој денеска заедно со градоначалникот на Тетово и копретседател на Влен, Биљал Касами, извршија увид на реконструираната улица „Штипска“ во градот под Шар Планина.

Вицепремиерот и министер за транспорт, во тој контекст го спомена и автопатот Требеништа – Ќафасан за кој УНЕСКО имаше резерви дали треба да се гради. Според него, сега по посетата на мисијата повеќе не е прашање дали ќе се гради, туку останува само да се одбере трасата.

„Веќе не е прашање дали ќе се гради автопатот, тоа беше прашање пред да дојдат, имаше одредени размислувања целосно да се забрани, сега само е прашање да се одбере трасата. И тоа е веќе многу попозитивно, затоа што дали ќе биде еден километар полево или подесно на крајот на денот ќе се реализира. Така што сум многу поголем оптимист после завршувањето на мисијата која што нè посети“, изјави Николоски.

Минатото лето, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и природни наследства во опасност и им даде на Македонија и Албанија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на реактивните мониторинг мисии.

Во февруари годинава владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за Николоски беше во дводневна работна посета на Париз на средба со раководството на УНЕСКО со цел да ги потенцираат заложбите за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следната недела треба да се знае дали…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски…

Со 2,41 промили алкохол зад волан: Пијан…

На 9 јули 2026 година во 18:39…

Лишени од слобода 5.811 лица, повеќе од…

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за…

(Видео) Семејно куче херојски спаси дете од…

Семејно куче од Конектикат стана херој за…