Објавено на:

Трамп оставил инструкции како САД да одговори ако Иран го ликвидира

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека оставил инструкции за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во, како што вели, своите планови за негова ликвидација. 

Вели дека во тој случај, ќе следи одговор што Техеран „никогаш порано не го видел“. Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп рече дека веќе долго време тој е мета на Иран.

„Долго време сум на нивниот список. Со тоа се соочуваме. Единственото нешто што го направив беше што оставив инструкции дека ако нешто ми се случи, ќе бидат бомбардирани во размер што никогаш порано не го виделе“, рече Трамп.

Во однос на предупредувањата на Израел од оваа недела за разузнавачки информации за наводен заговор за атентат врз американскиот претседател, Трамп рече дека немало нови информации за таков план, но го повтори тврдењето дека Иран со години  сака да го види мртов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп оставил инструкции како САД да одговори…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за…

Челниците на украинскиот спорт ја осудија денеска…

Земјите треба да ги отфрлат напорите на…

Земјите треба да ги отфрлат напорите на…

Трамп: Иран побара продолжување на преговорите, но…

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Иран…