Објавено на:

Иран е подготвен за сеопфатна одбрана доколку САД го прекршат договорот, вели претседателот на иранскиот парламент

t

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, денеска изјави дека Иран не сака војна, но дека е подготвен за „сеопфатна одбрана“ доколку САД го прекршат постигнатиот договор, нагласувајќи дека конфликтот нема да заврши со предавање на Иран.

„Никогаш не сме барале војна и нашиот народ никогаш нема да се предаде на неправдата“, рече Калибаф, пренесе „Ал Џезира“.

Тој денеска изјави дека за време на преговорите со американските претставници на потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс му рекол дека Иран „воопшто нема доверба“ во Вашингтон.

„Секој треба да знае дека овој конфликт никогаш нема да заврши со предавање на Иран“, рече претседателот на иранскиот Парламент.

Калибаф додаде дека Иран е подготвен за „сеопфатна одбрана“ доколку , како што изјави, Американците го прекршат постигнатиот договор.

„Оние кои можат да преговараат со САД се оние кои се подготвени за војна“, нагласи тој.

Според него, завршувањето на војната е приоритет за земјите ширум светот, но Иран нема да прифати завршување на конфликтот преку предавање

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…