Пукна главна цевка: Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково без вода
Повеќе скопски населби и неколку општини денеска ќе останат без вода поради дефект на главната водоводна мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 09:00 часот, а без вода ќе бидат дел од корисниците во Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека причината за прекинот е уличен дефект на водоводна цевка со пречник Ф-600 милиметри на улицата Борис Трајковски, во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ во населбата Пинтија.
Екипите на претпријатието веќе се на терен и работат на санирање на дефектот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на интервенцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…