Објавено на:

Кривична пријава за Турчин: Возел 203 километри на час!

t

Државјанин на Турција возел над 200 километри на час на автопатот „Пријателство“ во гевгелиско, при што бил лижен од слобода од страна на полицијата.

Турчинот управувал возило со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, каде што брзината била ограничена на 120 километри на час. Бил веднаш исклучен од сообраќај, и против него била поднесена соодветна пријава.

„На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој бил исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против него е поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за Турчин: Возел 203 километри…

Државјанин на Турција возел над 200 километри…

Осуденик од Велес крадел додека бил на…

Синоќа во 20:40 часот во Велес, полициски…

Пехчевец убедил дете да му ја украде…

Пехчевец, на 21-годишна возраст наговорил дете да…

Скопјанец возел 168 на место каде е…

На 08.07.2026 во 18:15 часот на патот…