Објавено на:

Американските стелт-ловци Ф-22 го напуштија Израел, на пат се кон САД

t

Американската војска ги повлече своите најнапредни стелт-борбени авиони од воздухопловната база Овда, која се наоѓа во јужниот дел на Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Најмалку десет ловци Ф-22 Raptor, кои беа распоредени во базата, полетале кон воздухопловната база Ферфорд во Обединетото Кралство, како дел од нивното враќање во Соединетите Американски Држави.

Снимки објавени на социјалната мрежа Икс (X) ги прикажуваат авионите при слетувањето во британската база, наведува „Тајмс оф Израел“.

Ф-22 Raptor, кој е во употреба исклучиво во американските воздухопловни сили, се смета за еден од најнапредните борбени авиони во светот. Тој се одликува со висока брзина, исклучителна маневрабилност и напредна стелт-технологија, што му овозможува тешко да биде откриен од радарските системи.

Овие борбени авиони беа распоредени во Израел пред неодамнешниот вооружен конфликт со Иран, потсетува „Тајмс оф Израел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави…

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…

САД продаваат проектили на Јужна Кореја, Пјонгјанг…

Северна Кореја ја осуди одлуката на САД…

САД: Кинески хакери упаднале во мрежи на…

Кинески хакери упаднале во сервери на американскиот…

Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…

Високи европски дипломати ќе се обидат утре…