Серафимовски: Надминат е проблемот со откупот на млекото, сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион добиваат сигурен пласман

t

Државниот секретар и предлог-кандидат за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, на која беше соопштено дека е надминат проблемот со откупот на млекото и дека неговиот откуп продолжува.

На средбата, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, било истакнато дека обезбедувањето континуиран откуп претставува важен чекор за стабилизирање на сточарското производство во регионот и за намалување на неизвесноста кај семејните земјоделски стопанства.

Покрај откупот на млекото, се разговарало и за откупната цена, исплатата на субвенциите, како и за други прашања поврзани со подобрување на условите за работа на сточарите.

„Решавањето на проблемот со откупот на млекото беше наш приоритет, бидејќи македонските сточари заслужуваат сигурен пласман и извесност за својот труд. Ќе продолжиме да работиме на создавање фер услови за производство, економска стабилност и политики што произлегуваат од директните разговори со луѓето на терен“, изјави Серафимовски.

Од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија порачаа дека и во иднина ќе се залагаат за решавање на проблемите со кои се соочуваат земјоделците, преку мерки што ќе обезбедат поддршка за домашното производство и развој на конкурентен и одржлив аграр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…